Укранецот Андреј Лунин веќе со една нога е надвор од Реал Мадрид, кој очигледно му пронајде нов клуб.
Лунин не е задоволен со минутажата во клубот, и бранењето само во Купот на Шпанија, па поради тоа очигледно е нетрпеливоста меѓу голманот и клубот поради што „кралевите“ веќе почнаа да бараат замена за него. И пронајдена е во името на Кепа кој е подготвен повторно да биде резерва.
Шпанските медиуми пренесуваат дека наскоро може да дојде до размена на голманите меѓу Реал и Челси, со тоа што англискиот клуб ќе мора да доплати и нешто пари на „кралевите“.
На „Стемфорд бриџ“ со недели размислувале дали да го ангажираат Лунин, а на крај и се согласиле, па Украинецот, кој бил крајно разочаран од Рела, сега заминува за Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

