Малку е познато за познато за поголемиот дел од домашната спортска јавност, дека фудбалерот Кузман Сотировиќ засекогаш ќе остане запишан во аналите на македонскиот спорт како првиот од Македонија кој ја почувствувал убавината на Летните олимписки игри.
Сотировиќ, кој е роден е во Стенче, село во близината на Гостивар, на 16. октомври 1908 година, по преселбата на неговото семејство во 1913 година во Белград, се одлучил да игра фудбал и во дваесеттите години на минатиот век бил еден од најдобрите фудбалери во БСК, а со тоа се изборил и за место во првата репрезентација на Југославија за која дебитирал на 6. мај 1928 година во Белград во победата над Романија од 3-1, притоа постигнувајќи и два гола. Тие му се единствените во репрезентацијата.
Веќе во 1928, како дел од југословенската репрезентација, настапи на Летните олимписки игри 29128 во Амстердам, Холандија, со што се запишува во историјата како првиот олимпиец од Македонија. Југославија го загубила натпреварот од Португалија со 1-2, по што, според тогашните пропозиции, го завршила олимпискиот настап.
Според официјалниот билтен на меѓународни натревари на поранешната репрезентација на Југославија, Кузман Сотировски, кој согласно документите на Кралството на СХС во тие години се води и останал до крајот на животот како Сотировиќ, во период од 1928 до 1931 година како играч на БСК од Белград, но и француски Сете, има пет настапи во дресот на првата репрезентацијата на Југославија со само нејзино формирање. Во 1927 година Сотировиќ со шест постигнати голови бил најдобар стрелец во лигата на Југославија. Играл заедно со најпознатите фудбалери на поранешна Југославија од тоа време, Моша Марјановиќ. Александар Тирнаниќ-Тирке, Арсениевиќ…
Последните три негови настапи за репрезентацијата се поразот од Чешка (1-7) во Прага, како и двата натпревари на Балканскиот куп 1931 година со Бугарија (2-3) и со Турција (0-2). Во својата кариера играл и за француските Сете и Монпеље. Во 1938 го одиграл последниот натревар за Монпеље, по што потоа останал да живее во Париз до крајот на својот живот.
=============================================================
КУЗМАН (СОТИРОВСКИ) СОТИРОВИЌ
(1908 – 1990)
КАРИЕРА: БСК Белград (1926-1929), Сете (1929-1932), Монпеље (1932-1938)
УСПЕСИ: Настап на ЛОИ 1298 во Амстердам, Балкански Куп (1931). Пет настапи за првата репрезентација на Југославија (два гола).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА