Трансферот на украинскиот репрезентативец Артем Довбик од Гиорна во Атлетико Мадрид е ставен под знак прашалник откако преговорите помеѓу двата шпански клубови ги поремети Рома искажувајќи интерес да стигне до неговите услуги.
Се чинеше дека преминот на 27-годишникот на „Ванда Метраполитано“ е завршена работа, но италијанскиот калчолигаш се вклучи во преговорите во последен час нудејќи 30 милиони евра и дополнителни 10 милиони евра низ бонуси со што би се задоволила сумата која Гирона ја бара за најдобриот голгетер на Ла Лига за минатата сезона.
Довбик е во Гирона од 2023 година и на 36 првенствени натпревари постигна 24 голови со што се најде на првото место на листата на стрелци во силниот шампионат пред Норвежанецот Сорлот, интересно, за кој Рома се интересираше во минатото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА