Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е „горд“ на учеството на украинските спортисти на Олимписките игри во Париз во 2024 година, и покрај војната во таа земја.
„Горди сме на нашиот тим, на нашите момчиња и девојки кои и покрај агресијата против нашата земја успеаја да се подготват за Олимписките игри и да го покажат духот на сите Украинци“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Х.
Војната во Украина трае повеќе од две години, откако Русија ја нападна таа земја во 2022 година. Олимписките игри во Париз почнуваат денеска и ќе траат до 11. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА