Хари Мегваер не е во плановите на новото раководство на Манчестер Јунајтед и тој е еден од главните фудбалери кои треба да го напуштат „Олд Трафорд“ ова лето, поготово по ангажманот на Лени Јоро.
Сепак англискиот репрезентативец не е информиран за оваа одлука на клубот и верува дека ќе остане „црвен ѓавол“ и во сезоната која следи. Како што вели самиот ја има довербата од тренерот Ерик тен Хаг.
„Да бидам искрен јас чув дека сум во плановите за идината на Манчестер Јунајтед. Подготвен сум да се борам за најголемите трофеи со клубот“, изјави Мегваер за англиските медиуми.
Мегваер во 2019 година стана третото најскапо засилување во историјата на Манчестер Јунајтед реализирајќи премин од редовите на Лестер за 80 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА