Гледајте ги Олимписките игри Париз 2024 на Eurosport 4K исто како да сте на терен

Започнуваат Олимписките игри Париз 2024! На 26 јули оваа година се одбележуваат 100 години откако последен пат Париз беше домаќин на овие игри во 1924 година. Олимпијадата е настан што сите со нетрпение го очекуваме. Престиж за секој спортист е да учествува во неа, да даде сѐ од себе и да се бори за медал, а за сите пасионирани гледачи тоа е можност за уживање.

Ваквите врвни спортски случувања традиционално претставуваат можност за постигнување врвни резултати од страна на спортистите коишто остануваат запаметени од страна на гледачите. Во тој дух, Карл Луис, легендата на атлетиката има изјавено: „Не мислам дека некој има контрола врз мојата судбина освен јас самиот и чувствувам дека имав способност да постигнам сѐ што сакав да постигнам и му благодарам на Бога за поддршката што ја добив.”. Неговата кариера е богата со 9 освоени златни медали, вклучувајќи и 4 последователни од 1984 до 1996 година. Пливачот Мајкл Фелпс, пак, става акцент на визијата којашто секој спортист треба да ја поседува: „Не можете да поставите граница на ништо. Колку повеќе сонувате толку подалеку ќе стигнете.” – вели во својата изјава, а на Олимписките игри во Пекинг 2008 година освои 8 последователни златни медали и постави 7 светски рекорди.

Оваа година на овој меѓународен мултиспортски настан ќе има 32 спорта, коишто веќе ни се познати, но и 4 новитети – брејкденс, спортско качување, скејтборд и сурфање. Овие дополнувања претставуваат значаен чекор напред во модернизирањето на Олимписките игри за тие да бидат порелевантни за новата генерација.

Кај нас, Олимписките игри ќе може да се следат на Magenta TV во 4К ултра HD резолуција. Со почетокот на Олимпијадата ќе започне и емитувањето на Eurosport 4K – нов канал на програмата на MagentaTV којшто ќе емитува пренос од сите случувања на најголемиот светски спортски настан во 4K, со кристално чиста слика и највисока можна резолуција.

Овој нов канал, Eurosport 4K, ќе се појави на MagentaTV на време за свеченото отворање на 26 јули и на него ќе бидат прикажани преку 200 часа од натпреварувањата во различни дисциплини од летната Олимпијада во ултра HD квалитет. По завршувањето на Олимписките игри на 11 август, каналот ќе  остане како дел од програмата на MagentaTV. Исто така, од овој датум ќе се емитуваат и спортските канали: Eurosport 3, канал на којшто ќе се емитуваат натпревари во тенис, пинг-понг и голф;  Eurosport 5, канал на којшто ќе се емитуваат сите фудбалски натпревари и  Eurosport 6, канал на којшто ќе се емитуваат сите кошаркарски натпревари.

Кога една земја е домаќин на летна олимпијада, историјата покажува дека токму таа земја има тенденција да се претстави во најдобро светло. Последните три домаќини – Јапонија, Бразил и Велика Британија – завршија повисоко на табелата за медали во споредба со претходните три Олимписки игри на коишто присуствуваа пред да бидат домаќини.

Иако е прерано да се знае дали Франција ќе го продолжи овој тренд во 2024 година, историјата секако е на нивна страна. Како резултат на тоа, можеме да очекуваме тие да се пласираат повисоко овој пат. Оваа година се очекуваат над 10.000 спортисти од повеќе од 200 различни земји коишто ќе се натпреваруваат.

Македонија ќе учествува со 6 свои натпреварувачи во повеќе дисциплини, а гледачите секако очекуваат некој нов медал за некои од нашите спортисти. Од последните олимписки настани, го паметиме Дејан Георгиевски којшто на 22-годишна возраст го донесе сребрениот медал за Македонија од Олимписките игри во Токио во 2020 година.

КОМЕРЦИЈАЛЕН ТЕКСТ

Се вчитува...