Ѓорческа ја растури втората носителка во Португалија

Лина Ѓорческа во голем стил обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Португалија со награден фонд од 100.000 долари, откако попладнево во четвртфиналната пресметка ја декласираше Канаѓанката Ребека Марино со преубедливи 6-1.

Марино како втора носителка важеше за фаворитка во овој меч, но Ѓорческа го одигра својот најдобар меч годинава, доминирајќи на теренот и заслужено стигнувајќи до убедлива победа. Особено импресивен беше почетокот, откако Лина по двете спасени брејк топки на својот прв сервис-гејм стигна до убедлива предност од 4-0, потоа добивајќи го сетот со 6-1.

Вториот сет почна со израмнети 1-1, пред Ѓорческа повторно целосно да ја преземе контролата, да ги добие следните пет гејма во серија и да се пласира во полуфиналето.

Нејзина противничка во утрешниот меч во Португалија ќе биде Французинката Кристина Младеновиќ, која денеска по голема борба со тајбрејк во решавачкиот сет славеше над Фрухвиртова од Чешка со 6-4, 5-7, 7-6.

Се вчитува...