Денвер нагетс осигура големо засилување за наредната сезона откако беше постигнат договор со Расел Вестбрук, со кој поранешниот МВП на НБА-лигата ќе му се приклучи на Никола Јокиќ во екс-шампионот на најсилната лига на светот.
Кариерата на Вестбрук во последните години не се движеше во посакуваниот правец, но токму Јокиќ инсистираше овој плејмејкер да биде доведен во тимот како дел од мозаикот што недостига за Денвер повторно да се бори за титулата. Вестбрук најпрвин беше трејдуван во Јута, а откако „џезерите“ го раскинаа договорот со него веќе немаше пречка за реализација на овој трансфер, па Расел денеска и официјално се приклучи на тимот на Денвер.
Потпишаниот договор е на две години, за вкупна сума од 6,8 милиони долари, а останува да се види дали Вестбрук во дресот на Денвер ќе потсети на своите најдобри денови во кариерата или ќе продолжи со сивилото кое го красеше во последните неколку сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА