Тајрис Халибартон се пошегува со колегата од тимот на САД Џоел Ембид на отворањето на Олимписките игри во Париз.
„Еј, другар, врати го пасошот“, викна 24-годишниот играч на Индијана Пејсерс кон центарот на Филаделфија 76 додека наследниците на „Дрим-тимот“ крстосуваа по Сена.
Халибартон алудираше на повиците од Французите Ембид да се откаже од своето државјанство. Камерунецот, кој никогаш не живеел во Франција, доби државјанство на таа земја, бидејќи се надеваа дека седумкратниот НБА Ол-стар ќе игра за „триколорите“.
Меѓутоа, во меѓувреме, Ембид доби американско државјанство па негов прв избор беше САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА