Ѓуретановиќ последен во квалификациите на 400 метри слободно

Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ имаше слабо издание на трката на 400 метри на Летните олимписките игри во Париз. Првиот македонски олимпиец на игрите делницата од 400 метри ја заврши со време од 4:05.38 минути што беше доволно за последното место во најслабата прва група во квалификациите на оваа делница.

Македонскиот пливач исплива дури три секунди послабо од неговото пријавено време за игрите во Париз.

Ѓуретановиќ со ова го заврши својот настап на Летните олимписки игри во Париз.

Се вчитува...