Актуелниот светски шампион Германија на одличен начин со победа над Јапонија од 97-77 го стартуваше настапот на машкиот кошаркарски турнир на Летните олимписки игри во Париз.
Германците уште од самиот старт го контролираа резултатот и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева на победа.
Франц Вагнер со 22 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Руи Хачимура постигна 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА