Ракометарите на Хрватска потешко од очекуваното стигнаа до првата победа на ЛОИ во Париз откако во воведното коло по тешка борба славеа над аутсајдерот во групата, репрезентацијата на Јапонија со 30-29.
Јапонците одиграа неверојатно во првото полувреме и изненадувачки на пауза имаа позитива од 13-18. Хрватска конечно заигра подобро во вториот дел, посебно во фазата на одбрана и успеа на две минути до крај да стигне до водство од 29-28. Поранешниот вардарец Јасухира со својот десетти гол израмни на 29-29, а по нереализираниот напад на Мартиновиќ, Јапонија имаше шанса за победа. Јапонците не реализираа два зицера, а Хрватска со голот на Мартиновиќ во последната секунда стигна до триумф од 30-29.
Марио Соштариќ со шест гола беше прво име кај Хрватите, додека кај Јапонија се истакна поранешниот вардарец, Косуке Јасухира со десет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА