Актуелниот олимписки шампион и светски шампион во скок во височина Џанмарко Тамбери го загуби венчалниот прстен додека го носеше италијанското знаме на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз во петокот.
Тамбери толку се занесе додека го вееше знамето што прстенот му се лизна од прстот и заврши во Сена.
„Имаше премногу вода, изгубив премногу килограми во последните месеци, а кога на сето тоа ќе се додаде нескротливиот ентузијазам за тоа што го правам… Останува фактот дека почувствував како прстенот ми се лизга, го следев со моите очи додека не го видов како скокна во внатрешноста на бродот. Но, ако веќе требаше да го изгубам, тоа не можеше да се случи на подобро место. Засекогаш ќе остане во коритото во градот на љубовта. А можеби тоа е добар знак дека ќе се вратам дома со уште едно злато!“, Тамбери
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА