Полска доминантно го стартуваше одбојкарскиот турнир во Париз

Првиот фаворит за освојување на златниот медал на машкиот одбојкарски турнир на игрите во Париз, Полска успешно го стартуваше својот поход со победа над аутсајдерот во групаата Египет.

Полјаците без поголеми проблеми одработија само еден потежок тренинг против африканската репрезентација совладувајќи ја со убедливи 3-0, по сетови 25-21, 25-19 и 25-13.

Вилфредо Леон со 13 поени беше прво име кај Полска, додека кај поразените Мохамед Масуд заврши со 14 поени.

 

Се вчитува...