Нино Салуквадзе (55), претставничката на Грузија во стрелаштво, е првата жена чие појавување во Париз ќебиде 10. на Олимписките игри.
Салуквадзе првпат настапи на Олимписките игри во 1988 година за Советскиот Сојуз и тоа на само 19 години. Нејзиниот следен настап беше на Игрите во 1992 година, но поради распадот на Советскиот Сојуз, таа настапи за Обединетиот тим, наменет за поранешните советски спортисти, а оттогаш има настапувано осум пати за Грузија.
На Игрите во Рио во 2016 година, Салуквадзе и нејзиниот син Конте Макавариани, исто така стрелец, станаа првото дуо мајка-син што се натпреварувало на истата Олимпијада.
Со своето појавување во Париз, Салуквадзе го израмни рекордот со Канаѓанецот Иан Милер, кој се натпреваруваше во коњички спортови и кој имаше најмногу настапи меѓу сите спортисти на Олимпијадата.
Таа со денешниот настап во квалификациите со воздушен пиштол 10 метри во женска конкуренција го собори рекордот, каде не се пласираше во финалето, но шанса за медал ќе има следната недела, во дисциплината 25 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА