Рагби репрезентацијата е првата француска гордост на ЛОИ во Париз

Првиот златен медал за домаќинот на Летните олимписки игри во Париз, Франција го донесе репрезентацијата во рагби седум.

Рагбистите на Франција во финалето славеа над репрезентацијата на Фиџи со 28-7 и со тоа испишаа историски страници за францускиот спорт, како прв субјект кој се закити со златниот медал од земјата домаќин.

Претходно во мечот за третото место Јужна Африка славеше против Австралија со 26-19.

Се вчитува...