БРАВО: Младите кошаркари ја совладаа и Босна и Херцеговина

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години го запиша и вториот триумф на Европското првенство Б дивизија кое се игра во Скопје. Откако вчера тешко славеа против Република Ирска, денеска нашите надежи покажаа многу подобра партија и славеа против Босна и Херцеговина со 99-87.

Натпреварот почна израмнето, па по десет минути игра БиХ имаше минимална предност од 24-25. Егал се одвиваше и вториот период, но за разлика од првиот овојпат нашите надежи беа за нијанса подобри па на пауза замина со позитива од 49-47. Во егал помина и третиот период, а одличната игра во последната четвртина беше на крајот доволна за конечен триумф од 99-87.

Никола Јаниќиќ со 31 поен беше убедливо најдобриот поединец во нашиот табор, додека кај поразените 18 поени постигна Виктор Дуровиќ.

Се вчитува...