Ракометната репрезентација на Германија со победа над Шведска од 30-27 го стартуваше настапот на Летните олимписки игри во Париз.
Првото полувреме помина во егал игра во која за нијанса подобри беа Германците кои на пауза заминаа со минимална позитива од 12-11. За разлика од првиот дел, во второто полувреме се играше многу побрзо и поатрактивно, па оваа игра повеќе им одговараше на „панцирите“ кои на крајот успеаја да стигнат до својот прв триумф (30-27).
Ренарс Уцинс со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Хампус Ване постигна осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА