Светската фудбалска федерација ФИФА и одзема шест бода на женската фудбалска репрезентација на Канада на Олимписките игри во Париз и суспендираше тројца тренери бидејќи користеле дронови за набљудување на тренинзите на противничките репрезентации.
Двајца помошни тренери на Канада, Џозеф Ломбарди и Јасмин Мандер, беа фатени во средата како го снимаат тренингот на Нов Зеланд со беспилотни летала пред натпреварот на двата тима на Олимпијадата.
ФИФА ги суспендираше Ломбарди и Мандер, како и селекторката Бев Пристман на една година. Покрај тоа, ФИФА ја казни Канадската фудбалска федерацока со 200.000 швајцарски франци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА