Олимписки рекорд за штафетата на Австралија на ЛОИ

Женската австралиска штафета на 4х100 метри слободно го освои златниот медал на Летните олимписки игри во Париз поставувајќи нов олимписки рекорд. Штафетата во состав Моли О’Калахан, Шејна Џек, Ема Мекион и Мег Харис делницата ја препливаа со време од 3:28.92 што е за 77 стотинки од штафетата на Австралија од игрите во Токио пред три години.

Сребрениот медал им припадна на Американките во состав: Кејт Даглас, Гречен Волш, Тори Хаски и Симоне Мануел со време 3:30.20 минути што е нов рекорд на Соединетите Американски Држави.

Бронза и азиски рекорд постави штафетата на Кина во состав Јунксуан Јанг, Јуџие Ченг, Јуфеј Жанг и Кинфенг Ву со време од 3:30.30 минути.

Се вчитува...