Данците го замолкнаа Париз одржувајќи и ракометна лекција на Франција

Ракометната репрезентација на Данска го доби вечниот класик против домаќинот Франција 37-29 на стартот на машкиот турнир на Летните олимписки игри во Париз.

Иако, Французите подобро го отворија мечот и брзо имаа позитива од пет гола (4-9) како одминуваше првото полувреме Данците заиграа подобро па на пауза отидоа со минимална предност од 18-17.

Одличната игра Данска ја продолжи и во второто полувреме па на крајот и повеќе од заслужено стигна до конечен триумф од 37-29. Питлик и Гидсел со по десет гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените Иго Деска постигна седум гола.

Се вчитува...