Кошаркарската репрезентација на Канада со триумф над Грција од 86-79 го стартуваше настапот на машкиот турнир на Летните олимписки игри кои се одржуваат во главниот град на Франција, Париз.
Канаѓаните уште од самиот старт го контролираа мечот и иако по десет минути имаа позитива од само четири поени 26-22 прикажаното на теренот покажа дека во моментов Канада е далеку поквалитетна репрезентација од Грците. Во продолжението од мечот Канада успеа да го исконтролира натпреварот и на крајот да стигне до конечен триумф од 86-79.
Ер Џеј Барет со 21 поен беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 27 поени на Јанис Адетокумбо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА