Милан подобар од Манчестер Сити, Челси доби „шлаканица“ од Селтик (ВИДЕО)

Екипата на Челси доживеа невидена катастрофа на пријателски натпревар одигран во САД, откако загуби од Селтик со убедливи 4-1. Новиот тренер Енцо Мареска и во двете полувремиња играше во комбинирани тимови, но тие беа далеку од слаби екипи. Сепак, О’Рајли и Фурухаши погодија во 19. и 33. минута, по што следеа Палма и Џонстон во 76. и 79. минута.

Почесен гол за Челзи постигна Енкунка од пенал во 89. минута.

 Милан и Манчестер Сити приредија уште еден спектакл. Халанд го доведе Сити во водство по асистенција на Оскар Бобо, а потоа Милан го сврте резултатот со головите во 30. и 34. минута. Двата гола паднаа откако асистент беше Чуквуезе, а стрелец беше Коломбо – 1:2. Во 55. минута Мекати израмни, а во 78. Насти ги постави конечните 2:3.

Фудбалерите на Арсенал го совладаа тимот на Манчестер Јунајтед со 2-1 во регуларниот дел. Но, англиските тимови се решија да приредат шоу и играа пенали, а таму подобар беше тимот од Манчестер.

Веќе во 10. минута Рашфорд му асистираше на Хојлунд, кој погоди за 1:0. Но, веднаш по голот Данецот излезе од игра поради повреда и беше заменет од Мабри.

Во 26. минута Габриел Жесус постигна гол за 1:1, а набрзо следуваше нова повреда во тимот на Јунајтед, бидејќи нововлезениот Лени Жоро мораше да ја напушти играта.

Микел Артета и Ерик тен Хаг ги сменија комплетните тимови во вториот дел, а решавачкиот гол дојде дури во 81. минута кога погоди Мартинели за 2-1, што беше конечен резултат во регуларните 90 минути, но тоа не беше крај. Имено, договорот бил Арсенал и Јунајтед сепак да шутираат пенали?!

Во пенал серијата Јунајтед победи – 4:3, но сепак Арсенал се смета за победник, затоа што беше подобар во регуларниот дел.

Се вчитува...