Надал: Играм во 2? Ова е лудост

На шпанскиот тенисер Рафаел Надал не му се допадна кога го дозна датумот на првиот сингл меч на Олимписките игри.

Освојувачот на 22 Грен слем титули во саботата играше со Карлос Алкарас во двојки и напредуваше, но на теренот ќе мора да се врати на вториот ден од викендот.

„Играм утре во 14 часот? Мислам дека е лудост. Во недела ќе одлучам со тимот, ќе донесам најадекватна одлука за да можам да постигнам резултат со Шпанија“ , изјави Надал .

Надал ќе игра против Мартон Фучовиќ, доколку претходно не се повлече. Тој го откажа тренингот непосредно пред почетокот на Олимписките игри. Во второто коло евентуален ривал може да му биде Новак Ѓоковиќ. 

Се вчитува...