Шестиот тенисер во светот се повлече од Олимписките игри

Австралискиот тенисер Алекс Де Минаур (25) во последен момент реши да се повлече од Олимписките игри во Париз и да го откаже мечот во сингл конкуренција.

Шестиот тенисер во светот сакаше да се натпреварува на најголемиот спортски настан и покрај повредата на колкот, но за жал мораше да се откаже. Австралиецот денеска во 13 часот и 30 минути  требаше да ги одмери силите против германскиот тенисер  Јан-Ленард Штруф  во првото коло  на турнирот во француската престолнина, но неколку часа пред тој меч на социјалните мрежи објави дека нема да се натпреваруваат во сингл конкуренција.

Се вчитува...