Анастасија Мојсовска остана без финале, ги заврши квалификациите на 31. место

Македонската натпреварувачка Анастасија Мојсовска не успеа да се пласира во финалето, откако во денешните квалификации на воздушна пушка на 10 метри на Олимписките игри во Париз стигна до 31. место од вкупно 43 натпреварувачки.

Мојсовска која е државен рекордер на Македонија, го заврши натпреварувањето со 625,3 поени. Инаку во квалификациите беше поставен нов олимписки квалификациски рекорд на Хјоџин Бан од Јужна Кореја која заврши како првопласирана со 634,5 поени.

Мојсовска беше втората натпреварувачка од Македонија која натапи на ЛОИ во Париз. Вчера натпреварувањето го заврши младиот  пливач 16-годишниот Никола Галетановиќ кој во квалификациите заврши како последнопласиран.

Се вчитува...