Тен Хаг по поразот од Арсенал: Создадовме повеќе шанси, многу сум задоволен

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го пофали перформансите на неговиот тим и покрај тоа што загуби со 2-1 во Лигата на шампионите со Арсенал . Задоволство од изведувањето на пенали изрази и по натпреварот во кој неговите играчи дојдоа до победа.

Тој изрази задоволство од играта на својот тим во првиот дел, а потоа и во пенал серијата. И покрај тоа што Арсенал триумфираше во регуларниот дел, двата тима играа и меч на пенали, на кој триумфираше Јунајтед со 4-3.

„Мислам дека играта беше на многу добро ниво во третата недела од нашите тренинзи. Ова важи и за двете екипи, но според мене во првото полувреме бевме подобри. Постигнавме прилично добар гол по добрата асистенција на Маркус Рашфорд , а потоа Расмус Хојлунд покажа квалитет. Во такви ситуации тој е многу силен и е закана за секоја одбрана, имајќи голгетерски способности. Јас сум многу задоволен. Создадовме и повеќе добри шанси, а потоа примивме гол од офсајд“, рече Тен Хаг.

Се вчитува...