Реал Мадрид ја признава грешката: Враќа свој екс фудбалер како замена за Карвахал

Реал Мадрид уште од сега размислува за замена за Дани Карвахал, кој е во сериозни фудбалски години, и во следниот период би требало веќе да размислува за пензија. Затоа од таборот на „кралевите“ веќе подготвуваат план за ангажман на десен бек.

Според информациите од Шпанија, од Мадрид веќе размислуваат за ангажман на Ашраф Хакими од ПСЖ. Овој играч веќе беше дел од Реал Мадрид, а потоа преку Борусија Дортмунд и Интер, заврши во Париз.

На Хакими договорот му е до 2026 година, а можно е уште следната година да биде ангажиран со помало обесштетување.

Се вчитува...