Холандскиот одбојкар на плажа Стивен ван де Велде , осуден за силување малолетничка во 2016 година, беше исвиркан кога се појави на својот прв натпревар на олимпискиот турнир во неделата на стадионот во подножјето на Ајфеловата кула.
Ван де Велде (29) беше осуден на четири години затвор во 2016 година, откако призна дека силувал 12-годишно девојче. Тој отслужи дел од казната во ОК каде што беа извршени злосторствата пред да биде префрлен во Холандија, каде на крајот беше ослободен за да се врати на одбојката во 2017 година и да биде избран за Олимписките игри.
Во неделата наутро, тој влезе на теренот со својот соиграч Метју Имерс, но заработи и овации и аплаузи на многубројните присутни холандски навивачи, бидејќи одбојката на плажа е многу популарен спорт во Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА