Златко Даскалоски е најново име во таборот на Пролет откако искусниот голман денеска и официјално го стави потписот на договорот со скопскиот суперлигаш. Даскалоски ќе ги мине следните две сезони во дресот на Тинекс Пролет, а покрај обврските со првата екипа овој искусен чувар на мрежата ќе помага во равојот на голманите во нашата младинска школа.
Даскалоски е поранешен репрезентативец на Македонија, голман со богато искуство како на домашната така и на мешународната ракометна сцена. Тој доаѓа во Тинекс Пролет од редовите на Голден Арт, претходно настапуваше и за Бутел и за Вардар, додека од меѓународното искуство има настапувано за Ловќен во Црна Гора, француски Стразбур и за Темишвар во шампионатот на Романија.
Даскалоски е второто засилување на Пролет во овој преоден рок, откако веќе потпишан договор и со младиот пивот Стефан Стојчевиќ.
Тренерот Александар Јовиќ на 5 август ќе го одржи првиот собир со што ќе биде означен и стартот на подготовките за новата сезона. Во меѓувреме се очекува да бидат финиширани преговорите за уште неколку засилувања, со што ќе биде заокружен играчкиот кадар со кој РК Пролет ќе настапува во сезоната 2024/25.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА