Малер за Баерн: Новото засилување доби скршеница, го чека долга пауза

Баерн Минхен остана без планираното засилување Хироки Ито. Јапонецот на пријателскиот натпревар одигран денеска доби скршеница на ногата, и го чека долга пауза.

Од таборот на „Баварците“ признаа дека Ито го чека долга пауза.

„Да, неговата нога е скршена. Ќе биде надвор од терените долго време“, истакна спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл.

Баерн Минхен сега уште повеќе ќе „притисне“ да го ангажира Џонатан Та од Баер Леверкузен. Баерн за стопери ги има уште Упамекано, Ким, но и Де Лихт кој е пред трансфер во Манчестер Јунајтед. Инаку пријателскиот меч со нисколигашот Дирен заврши без победник 1:1.

Се вчитува...