Косово го освои првиот медал на ОИ во Париз

Косово денеска го освои првиот медал на ОИ во Париз, откако џудистката Дистрија Красниќи освои сребро во категоријата до 52 килограми.

Красниќи во финалето на турнирот во Париз загуби од Дијора Келдијорова од Узбекистан, која на крајот се закити со златото. Бронзата во оваа категорија ја освоија Амадин Бушар од Франциај и Лариса Пимента од Бразил.

Красниќи има веќе еден медал од претходните Олимписки игри во Токио. Тогаш во категорија до 48 килограми го освои златниот медал.

Се вчитува...