Леброн Џејмс влезе во историјата на САД на Олимписките игри

Кошаркарот на ЛА Лејкерс и на американската репрезентација Леброн Џејмс, влезе во историјата на олимписките игри како најстар американски кошаркар кој играл на Олимпијадата. Кошаркарот на 39 години беше дел од селекцијата на САД на денешниот дуел против Србија.

Претходно овој рекорд го држеше Лери Бирд кој во 1992 година играше на 35-годишна возраст.

Ова се четврти олимписки игри за Џејмс, тој освои бронза во 2004 година и злато во 2008 и 2012 година.

Се вчитува...