Рафаел Варан и официјално е нов член на италијанскиот тим Комо. Екс играчот на Реал Мадрид и на Манчестер Јунајтед, се сели во Серија „А“ и ќе го носи дресот на амбициозниот прволигаш.
Трансферот на Варан во Комо се најавуваше уште пред неколку недели, а вечерва дојде до негова официјализација. Французинот потпиша двегодишен договор.
Веројатно Комо го доби и најголемото засилување во овој предоен рок. Претходно за овој тим потпишаа Пепе Реина, Алберто Морено, Алберот Досена и Андреа Белоти. Се споменуваше и трансфер на голманот Војчех Шчесни, но до негов потпис не дојде.
Como 1907 is thrilled to announce the signing of French defender @raphaelvarane from Manchester United on a two year deal with an option to extend. pic.twitter.com/AcaVatSNcS
— Como1907 (@Como_1907) July 28, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА