Пешиќ по поразот од САД: Голема е разликата, против нас се дополнително мотивирани

Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ ги изрази своите впечатоци по поразот од САД во првото коло од групата Ц на Олимписките игри.

САД славеше убедливо со 110-84 во мечот одигран во Лил. Пешиќ кажа дека очекувал ваков натпревар и дека разликата во класи е голема.
„Сигурно очекувавме ваков натпревар и не доживеавме ништо ново. Голема е разликата кога играат против нас, очигледно имаат дополнителна мотивација. Не зборувавме многу за одбраната, таму почнува се и тоа е основата. Не само во подготвителниот дел, ние се концентриравме на нападот“, рече Пешиќ и додаде:

„Рековме дека евентуална победа или пораз од САД не ја менува ситуацијата, мора да одиграме уште два натпревари за четвртфинале. Нема слаб противник, знам како треба сега да реагираме и да се подготвиме за следниот натпревар. Нема време за посебни анализи“, изјави српскиот селектор.

Се вчитува...