Таткото на Ендрик откри потресна вистина: Немав да му дадам храна како мал, а тој…

Младиот Бразилец, Ендрик официјално беше претставен пред 43 илјади навивачи на легендарниот стадион „Сантијаго Бернабеу“. Талентот е фудбалер на славниот шпански клуб веќе некое време, но во следната сезона за прв пат ќе го облече „кралскиот“ дрес.

По претставувањето на стадионот во Мадрид потресна приказна од неговото детство сподели неговиот татко Даглас Соуса.

„Се уште го паметам денот кога како дете Ендрик од мене бараше да му дадам нешто за јадење. Ми кажа „Тато, многу сум гладен“. Седев на каучот, станав да побарам нешто во кујната и фрижидерот и немав што да му дадам да јаде. Му кажав „Ендрик, сине, немаме ништо“. Почнав да плачам, а тој силно ме прегрна и ми кажа „Тато не се грижи, ќе станам фудбалер и ќе те извлечам од овие проблеми“, откри таткото на Ендрик.

Трансферот на Ендрик во Реал Мадрид од Палмеирас го чинеше шпанскиот клуб 47.5 милиони евра, а овој износ може да се зголеми на 60 милиони евра со бонуси.

Се вчитува...