Мазрауи му кажа „да“ на Манчестер Јунајтед, но постои еден проблем

Нусер Мазрауи не успеа да најде заеднички јазик со раководството на Вест Хем Јунјтед за премин на „Олимпискиот“ стадион во Лондон, но и покрај тоа голема е веројатноста дека од следната сезона ќе се натпреварува во Премиерлигата каде за негов ангажман сега голем интерес покажа Манчестер Јунајтед.

Тимот предводен од Ерик тен Хаг експресно влезе во преговори со Мароканецот и двете страни постигнаа договор за соработка па останува англискиот клуб и Баерн Минхен да ја договорат сумата за трансфер која се очекува да биде во износ од 15 милиони евра.

Сепак за финален потпис со бекот нема да биде доволно само интересот на двете страни бидејќи Манчестер Јунајтед ќе мора прво да го продаде Арон Ван-Бисака, пренесуваат англиските медиуми. Мазрауи сака премин на „Олд Трафорд“ па е подготвен да ги почека „црвените ѓаволи“ да се решат од услугите на 26-годишникот за кој се заинтересирани Вест Хем Јунајтед и Кристал Палас.

Се вчитува...