Ракометната репрезентација на Германија е на чекор до обезбедување на место во разигрувањето за медал на Летните олимписки игри во Париз откако стигна до вториот триумф во главниот град на Франција триумфирајќи со убедливи 26-37 против Јапонија.
Германците фаворитската улога ја потврдија уште од самиот старт поведувајќи со 0-4, а по првото полувреме имаа и двоцфирена предност од 10-21. Второто полувреме не донесе промена на силите на теренот, Германија во еден момент стигна и до највисоките +14 (14-28) па рутински приреди крај на средбата.
Германија сега има две победи во два натпревари со што го завзема првото место во групата во која се уште и Шпанија, Хрватска, Шведска и Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА