Организаторите на Летните олимписки игри во Париз и денеска го откажаа пливачкиот тренинг за триатлон бидејќи силниот дожд одново лошо влијаеше на квалитетот на водата во реката Сена.
Како потсетување, и неделниот тренинг беше откажан бидејќи тестовите на квалитетот на водата во оваа река не го задоволија критериумот.
Но, и покрај тоа организаторите се уверени дека триатлонското натпреварување ќе биде одржано во вторник и среда според предивидениот план.
Триатлонот ќе биде првата олимписка дисциплина која ќе се одржи во Сена, пред пливањето на отворени води во втората недела од Олимписките игри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА