Пеколен план на Перез: По рецептот „Мбапе“ носи уште две супер ѕвезди бесплатно во Реал Мадрид

Реал Мадрид ова лето успеа да стигне до услугите на долгопосакуваното засилување Килијан Мбапе. Еден од најдобрите фудбалери на денешницата се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ со што „кралевите“ заштедија големи финансиски средства.

А, пак претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез по овој рецепт следното лето сака да ги ангажира и Алфонсо Дејвис и Трент Александер Арнолд.

Канаѓанецот и Англичанецот и самите важат за едни од најдобрите бекови на денешницата, а нивниот договор со Баерн Минхен и Ливерпул истекува на крајот на сезоната по што ќе бидат слободни да ја бирааат новата средина.

Дејвис засега одбива нов договор со Баерн Минхен, слично и како Александер Арнолд кој не е сигурен во иднината на „Енфилд“ со оглед на влезот во новата ера на славниот клуб по заминувањето на Јирген Клоп.

Се вчитува...