Македонскиот кошаркарски прволигаш Феникс 2010 го промовираше првото летно засилување. Станува збор за американскиот кошаркар Мајлс Браун кој во македонското првенство доаѓа од Универзитетот Охајо.
Дваесетитригодишникот важи за исклучително добар кошаркар на двата дела од теренот, а е и претпознатлив по реализацијата за три поени. Зад линијата 6.75 во последните две сезони бележел просек од 44, односно 42 отсто успешност. Изминатата сезона неговиот просек изнесува 9.7 поени, 3.8 скокови и 1.9 асистенции на 23 одиграни натревари од кои 17 како дел од почетната петорка.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА