Проблемите за Барселона продолжуваат: Роке одби трансфер во Саудиска Арабија

Младиот бразилски фудбалер Витор Роке продолжува да и создава проблеми на Барселона. И покрај тоа што каталонскиот тим се надева на негов трансфер со цел собирање средства за нови засилувања тој ја одби понудата од Саудиска Арабија.

За услугите на 19-годишникот постоеше интерес од Ал Хилал, но преговорите помеѓу Бразилецот и саудискиот клуб не вродија плод, барем не за услугите кои ги доби.

Роке беше претставен во Барселона како големо засилување, но малиот талент не успеа да се наметне во каталонските редови. Поради незадоволството од минутажа изрази желба за заминување, но не по секоја цена.

Се вчитува...