„Новак е светец кој оди по земјата“ – Таткото на девојче на кое Ѓоковиќ и помогна се сретна со својот херој

Стефан Маркуљевиќ, таткото на малата Софија на која Новак Ѓоковиќ своевремено и помогна да оди во Соединетите Aмерикански Дражви со цел да се излечи од ретката и тешка болест – спинална мускулна атрофија тип 1, конечно дочека да го запознае најдобриот тенисер на светот.

За Стефн, како што вели самиот, Новак Ѓоковиќ не е само тенисер туку „светец кој оди по земјата“. Овие двајца се сретнаа на Летните олимписки игри во Париз. Таткото на Софија средбата ја опиша споделувајќи фотографија на социјалните мрежи.

„Неверојатно, 28. јули 2020 година преку заеднички пријател ни се јави нашиот голем Новак Ѓоковиќ за да ни помогне Софија што побрзо да оди по лек. Му се заблагодариме секако, но до личен контакт не дојде. Често размислував за тоа како ќе изглед нашата средба еден ден бидејќи за мене лично покрај спортските успеси тој е светец кој чекори на земјата. 28. јули 2024 година, четири години подоцна имав шанса лично да го гушнам и да му се заблагодарам. Не постојат зборови кои можат да ја опишат благодарноста и почитта која ја имам. ТИ БЛАГОДАРАМ за се што направи за Софија и моето семејство. Слава на Бог“, напиша Стефан.

Се вчитува...