Ѓоковиќ: Братство со Надал? Нема ништо од тоа…

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Летните олимписки игри откако во главниот град на Франција го одигра еден од најдобрите мечеви во сезоната и тоа против вечниот ривал Рафаел Надал.

Србинот беше доминатен против Шпанецот добивајќи го првиот сет со 6-1, а имаше и предност од 4-0 во вториот сет. Сепак Надал не се предаде, успеа да изедначи на 4-4, но тоа не беше доволно за сензационален камбек. Преостантите два гема му припаднаа на Ѓоковиќ за конечни 6-4.

„Мораше да се закомплицира, така е тоа во нашите дуели, поготово на големите стадиони и турнири. На Ролан Гарос одигравме доста мечеви и тој има доста подобар скор кога е во прашање земјена подлога. Но, во последните четири или пет години успеав да најдам решенија. Не игравме овие две години бидејќи беше повреден и тоа се почувствува. Се уште го има замавот, но движењата… Публиката се вмеша, го поддржа и го врати во живот па започна да игра добро, а јас се повлеков. Почнав да се сомневам во моите удари, дозволив да го превзема моментумот. Кога стигнав до брејк на стари топчиња знаев дека ќе дојдам на оваа страна, ако најдам добр сервиси како што имав на меч топка ќе биде се во ред. Освен тие четири гена од 4-0, одиграв совршен меч и задоволен сум“, изјави Ѓоковиќ.

На новинарско прашање дали може да го оцени односот со Надал како братски, со став…

„Нема братство, повеќе сме ривали и колеги. Тешко е да бидеме блиски, доста има тука доверливи информации, мислам дека тоа е причината што на ова ниво во светскиот спорт не можеш да бидеш близок со својот ривал додека сте уште активни. Така е во секој спорт. Но, долг е животот пред нас, се надевам дека можеби во иднина ќе го прошириме нашиот однос“ – вели Новак.

Се вчитува...