Италијанецот Чекон победи на 100 метри-грбно, Австралијката О’Калахан со нов олимписки рекорд на 200 метри-слободно

Италијанецот Томас Чекон е победник на трката на 100 метри-грбно на Летните олимписки игри 2024 во Париз.

Чекон во финалето со време од 52:00 секунди триумфираше пред Кинезот Џу Џиају и Американецот Рајан Марфи, кој го освои бронзениот медал.

На трката на 100 метри-градно, пак, во женска конкуренција победи Татјана Смит од Јужноафриканската република.

Австралијката Моли О’Калахан го освои златниот медал со нов олимписки рекорд (1:53.27 минути) на 200 метри-слободно, победувајќи ја сонародничката и светска рекордерка, Ариарне Титмус која го освои сребрениот медал. Бронзата и припадна на Бернадет Хохин од Хонг Конг.

Се вчитува...