Британскиот скокач во вода, Том Дејли успеа да го освои својот петти олимписки медал во своето петто учество на Олимписките игри.
30-годишнот Дејли, во двојка со Ноа Вилијамс освои сребрен медал на скоковите од висина од 10 метри. Тој неколку години не се натпреваруваше, а се одлучил да се врати на спортот откако неговиот шестгодишен син Роби посакал да го гледа на олимписки игри.
„Да се натпреварувате пред својот син кој ме замоли да се вратам на спортот, е навистина посебно. Сега имам по една од сите бои медали, го комплетирав сетот“ – вели Дејли.
Five Olympic medals in five Games😮
With his diving teammate Noah Williams, @tomdaley1994 completes his Olympic medal set, adding a #Paris2024 silver 🥈 to his collection, which already boasts a gold 🏅 and three bronze 🥉medals from previous Olympic appearances.@WorldAquatics pic.twitter.com/hizEZoiCWV
— The Olympic Games (@Olympics) July 29, 2024
Дејли на Олимписки игри дебитирал на само 14 години во Пекинг, каде не освои медал, но беше јасно дека е подготвен за големи дела. Првиот медал, бронзен, го освои на свој терен на ЛОИ 2012 во Лондон, а го повтори тој успех во Рио на ЛОИ 2016, за да во Токио 2021 дојде до златото.
Со денешниот медал стана најодликуваниот скокач во вода во историјата на Велика Британија.
Tom Daley is the first British diver to appear at five Olympic Games 🤯 #Paris2024 #Olympics #BBCOlympics pic.twitter.com/7JHIqyYFXj
— BBC Sport (@BBCSport) July 29, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА