Можеби најдобрата приказна на Олимписките игри во Париз досега доаѓа во пинг-понг. Станува збор за Кинезинката Зенг Жијинг, која своето деби на Игрите го имаше на 58-годишна возраст.
На 18-годишна возраст требаше да игра на Олимпијадата во Лос Анџелес, но на крајот тоа не се случи. Дојде до промена на правилата поврзани со рекетите, па таа не беше во можност да настапи.
Потоа се преселила во Чиле, а решавачкиот момент во нејзината кариера се случил во 2020 година, кога на сила беш епидемијата на корона вирусот, поради што донела маса за пинг-понг во својот стан и почнала да игра.
Таа на 58 години дебитираше на најголемото спортско натпреварување под знамето на Чиле. 46-годишната Либанка Маријана Сахакијан беше подобра од неа во првото коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА