Хрватски репрезентативец исфрлен од првиот тим на Ајакс

Холандскиот великан Ајакс реши да го отпише хрватскиот репрезентативец Борно Соса. Хрватскиот лев бек беше префрлен во младинскиот тим, заедно со Бенџамин Тахировиќ, Силван Вос и Овен Вајндал. Ајакс планира да ги продаде во текот на летниот преоден рок за да ослободи простор за нови играчи.

Соса минатата година пристигна во Ајакс од Штутгарт, но не успеа да импресионира. Ајакс во сезоната 2023/2024 заврши на петтото место, далеку зад шампионот ПСВ, а Соса иако беше најавен како големо засилување не успеа да го подигне нивото на игра на тимот.

Соса потпиша договор до 2028 година, но веќе се споменува интересот на Борусија Дортмунд и Аталанта за негов трансфер. Во Ајакс минатата сезона одигра 27 натпревари и забележа пет асистенции, додека за хрватската репрезентација забележа 21 настап и постигна еден гол и две асистенции.

Се вчитува...