МЗТ Скопје е на добар пат да ангажира уште едно репрезентативно засилување, па по Андреј Магдевски во своите редови да го доведе и Андреј Маслинко.
Крилниот центар ги мина последните две сезони во дресот на Пелистер, негов приоритет за летово беше да најде ангажман во странство, но откако тоа не се случи реши да ја прифати понудата на „металците“. Ангажманот на Маслинко ќе биде уште еден плус за аеродромци, кои доведоа уште еден квалитетен домашен играч кој би настапувал заедно со браќата Стојановски, Крстевски, Магдевски… ростер надополнет со Петков, Миловановиќ и Андоновски.
Крилниот центар со овој трансфер се враќа назад во Аеродром, откако настапуваше во дресот на МЗТ Скопје во периодот од 2017 до 2021 година.
Добра вест за трансферот на Маслинко, како и за оној на Магдевски кој исто така наскоро ќе биде официјализиран, е што овие двајца кошаркари доаѓаат од македонското првенство и ќе можат без пролем да бидат регистрирани без оглед на БАТ-забраната. Што се однесува до двајцата потпишани странци, Србинот Копривица и Американецот Слај, најпрвин ќе мора да бидат потпишани спогодби за исплата за сите добиени БАТ-пресуди, пред да се добие зелено светло за овие двајца кошаркари да почнат да настапуваат на официјалните натпревари (во домашното првенство и во АБА2) за шампионот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА