Киеза оди „гратис“ во Интер следното лето?

Федерико Киеза ќе биде „трансфер-бомбата“ на Интер во 2025 година, откако „нероаѕурите“ го вклучиле асот на Јувентус на самиот врв на својата листа на желби при планирањето на следните активности на пазарот, информира „Бонџорно Италија“.

Интер заврши неколку засилувања за новата сезона, успевајќи да ги доведе Мехди Тареми од Порто и Пјотр Зиелински од Наполи без никаква отштета. Лани истото го стори со Маркус Турам, претходно на идентичен начин беше доведен и Хакан Чалханоглу од лутиот ривал Милан, а „нероаѕурите“ сакаат истиот рецепт да го искористат и за Киеза.

Претседателот Бепе Марота веќе ги крои плановите за летото 2025, а приоритет ќе биде токму ангажманот на крилниот офанзивец кој се наоѓа на излезна врата од Јувентус. Челниците на Јуве веќе ставија до знаење дека немаат намера да му понудат нов договор, Киеза е ставен на трансфер-листа, но недоволниот интерес од клубовите придонесе и да биде спуштена цената, од 50 на 30 милиони евра.

Тотенхем единствениот клуб што искажа интерес и на оваа сума, но без конкретна понуда, но прашање е дали Киеза ќе се согласи да биде продаден по секоја цен. Во Интер играат токму на таа карта, тој да ја одработи и последната година од договорот со Јуве, а потоа следното лето без никаква отштета да се пресели на „Џузепе Меаца“.

Се вчитува...